Протест на српските земјоделци: Истураа фекалии и млеко пред Министерството за земјоделство

Српските производители на млеко денеска протестираа пред Министерството за земјоделство во Белград незадоволни од ниските откупни цени на млекото.

Во знак на протест, производителите истурија увозно млеко и фекалии на улицата пред Министерството за земјоделство.

Производителите на млеко поднесоа шест барања до Министерството за земјоделство, вклучително и премија за млеко од 20 српски динари (околу 10 денари) за литар, замрзнување на увозот и дозвола за извоз на млеко. Тие бараат и државна поддршка во износ од 40.000 динари (околу 20.000 денари) по грло.

Демонстрантите бараат и формирање работна група за млечниот сектор, како и загарантирана цена на млекото. Тие истакнаа дека нивна цел е да го спасат селото. Тие се заканија и со поголеми протести доколку не се исполнат нивните барања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот