Протест на руските опозиционери против доживотното владеење на Путин

Фото: Профимедиа

Пред два дена, Путин рече дека се спротивставува на доживотниот мандат на претседателот, вообичаен во советската ера, велејќи дека не може да го реши прашањето за преминот на власта и стабилноста во таа земја.

Руските опозициски партии денеска најавија голем протест на 29 февруари околу предлогот на претседателот Владимир Путин за уставни измени, за кои тие веруваат дека го отвораат патот за неговото доживотно владеење.

Опозицискиот политичар Илја Јашин нагласува рече дека предлогот на Путин е потег што може да му овозможи „да владее засекогаш”.

„Тоа ќе биде политички марш со цел да се повика на ротација на власта и да протестира против узурпацијата на власта”, рече Јашин.

Тој додаде дека организаторите нема да бараат дозвола од московските власти да ги одржат протестите и дека демонстрациите се поддржани од голем број опозициски групи, вклучително и Фондацијата за борба против корупцијата на Алексеј Навални.

Пред два дена, Путин рече дека се спротивставува на доживотниот мандат на претседателот, вообичаен во советската ера, велејќи дека не може да го реши прашањето за преминот на власта и стабилноста во таа земја.

Претходно минатата среда, рускиот претседател во говорот за состојбата на нацијата пред Парламентот рече дека се согласил дека претседателот не треба да има повеќе од два последователни мандата, иако тоа прашање не е од големо значење за него.

Путин предложи амандман на рускиот Устав со кој би се зголемиле овластувањата на Парламентот и Владата, што   на Западот се толкуваат како негова намера да премине на ново работно место и да остане на власт по истекот на тековниот мандат од 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот