Протест на пензионерите во Атина, бараат повисоки пензии

Фото МИА

Враќање на 13 пензија, реални зголемувања на пензиите, намалување на даноците на основните производи, се дел од барањата на грчките пензионери кои денеска излегоа на протест во цнтарот на Атина, јави дописничката на МИА.

Од пред грчкиот Парламент, пензионерите се упатија кон премиерската палата каде што нивни претставници предвидено беше да се сретнат со претставници на Владата.

Пензионерите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека со сегашните пензии тешко издржуваат до крајот на месецот и бараат мерки за поддршка од Владата.

-Гладуваме, затоа сме тука. Како поранешен возач на автобус имам поминато над 9.000 километри и сега немам пари за билет, вели еден од пензионерите.

Пензионерката Афродити пак, која работела во грчките пошти, вели дека се измамени од Владата и премиерот Мицотакис со најавите за зголемување на пензиите, бидејќи според нив, покачувањата не се вистински.

-Мора да пратиме силна порака д Владата. Овде сме, присутни сме и бараме веднаш да бидат исплатени сите пензии, да има вистински зголемувања, да се врати 13 пензија, но и сите кратења. Мораме да реагираме, бидејќи живееме во сè полоши услови, вели за МИА пензионерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот