Протест на „Ивент индустријата”: Бараме грантови, не работиме веќе 14 месеци

На денешниот протест на претставниците од индустријата за организирање настани беше истакнато дека тоа е гранката што е најзагрозена од пандемијата со ковид-19 и оти бараат грантови, но дека Владата нема слух за нивните потреби.

– Ивент индустријата е индустрија која е најзагрозена од пандемијата. Според Централниот регистар нашиот пад е околу 62 проценти, што значи дека две третини од прометите којшто сме ги правеле во 2019 се намалени со пандемијата. Во целата 2020, па и 2021, 14 месеци, ние освен шесте месеци помош за плата, немаме добиено никаква друга поддршка од државата и заради тоа сметаме дека треба да излеземе денеска, бидејќи не сакаат да не слушнат на разговори, не сакаат да одоговорат на нашите дописи и не сакаат да го слушнат тоа што ни треба, истакна Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата ИВАП.

Таа нагласи дека Владата предвидела конкурс на којшто можат да аплицираат за организирање на државни настани.

– Да бидеме јасни, 30-годишнината на независноста на Македонија ќе се организираше секако. Значи не можеме тоа да го наречеме помош. Ниту ќе помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може се еден настан компанијата што ќе го добие, со парите да ја покрие загубата од целата година. Ние се обидовме на сите мирни начини да дојдеме до заклучок, но нема разбирање од другата страна, рече Бабиќ.

Таа потенцираше дека бараат грантови и оти уште во јануари до Владата доставиле, како што рече, конкретни, серозни и издржани предлози, како тоа да се спроведе.

– Има точно пропишани критериуми под кои која компанија заслужува да добие грант. Тоа треба да е 60 отсто намалување на приходот во 2020, треба да ги има платено сите даноци кон државата, да докаже дека навистина работи во ивент индустријата, бидејќи тоа беше малку на почетокот неразбирливо за Владата, значи има точни критериуми под кои можат ако сакаат да доделат помош, посочи Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот