Протест на илјадници лекари во 21 италијански град: „Не сакаме аплаузи туку вреднување на нашиот труд“

Фото: EPA

Младите лекари и студенти од последните години на студии дадоа огромен придонес во текот на пандемијата од коронавирус и тие бараат подобро вреднување на нивниот труд.

Неколку илјади лекари и студенти на медицина протестираа денеска во цела Италија барајќи реформа на образованието во тој сектор, посебно поголем број стипендии за специјализација.

Стотици млади лекари од општа пракса и студенти се собраа во Милано и ги фрлија долу своите бели мантили. Некои носеа транпаренти со натписи: „Без лекари ви преостануваат само чуда“ и „Кој ќе ве лекува утре?“.

Идентична глетка имаше и во Рим пред Парламентот. „Без стручњаци, системот се урива“, „Без стручњаци, ќе ве лекуваат министри“, пишуваше на нивните транспаренти.

Протестот е организиран во 21 италијански град, меѓу другите и во Неапол, Болоња, Џенова, Торино, Фиренца и Палермо.

Фото: EPA

Младите лекари и студенти од последните години на студии дадоа огромен придонес во текот на пандемијата од коронавирус и тие бараат подобро вреднување на нивниот труд.

„Да тргнеме од податокот дека до 2025 година повеќе од 60 отсто од нашите колеги специјалисти и лекари од општа пракса ќе отидат во пензија. Со оглед на моменталната здравствена ситуација, нема да има доволно персонал за замена. Правото на нега и здравјето на сите граѓани ќе биде загрозено“, се истакнува во соопштението на организаторите.

„Повеќе не прифаќаме да не нарекуваат херои, зошто лекувањето е наша животна определба. Не сакаме да ни ракоплескаат само сакаме да се признаат нашите права“, се заклучува во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот