Протест на германските земјоделци против еколошката политика на државата

Неколку илјади германски земјоделци се собраа денеска во Берлин, а некои денеска дојдоа со свои трактори на протест поради најава за план за намалена употреба на пестициди и хемиско ѓубриво во рамки на еколошки мерки.

– На германските земјоделци им е потребна заштита како и перспектива за иднината, а не прекумерни прописи и забрани – наведе синдикатот на земјоделци на Германија.

Тие бараат повторно да се разгледа планот „заштита на инсекти” што во почетокот на септември го претстави владата.Со планот што е компромис меѓу Министерството за животна средина и за земјоделие, се предвидува забрана за употреба на глифосфати до 2023 година. До 2021 година предвидена е и забрана за хербициди и инсектициди во „еколошко загрозени” зони.

Тоа е трет протест на земјоделците за помалку од два месеца. Земјоделците во Баварија оваа година собраа повеќе од 1,8 милиони потписи за спасување на пчелите од пестициди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот