ПРОТЕСТ: Кочани отруено од запалени стрништа и отровен чад од фабриката за хартија

Загаденоста на воздухот и деградирањето на животната средина беа причина денеска во Кочани да се одржи мирен протест, што го организираше неформално граѓанско движење, а на кој присуствуваа поголем број жители на градот и околните населени места.

На протестот беа изнесени податоци за високото ниво на загаденост на амбиенталниот воздух, а како причинители беа наведени индсутриските капацитети, градската депонија и палењето на сламата и стрништата на земјоделските површини. Притоа, од надлежните институции беше побарано да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата и санкции за прекршителите.

– Крајно време е да се избориме за правото да дишеме воздух во кој секојдневно се испуштаат штетни материи што го загрозуваат нашето и здравјето на најмладите. За лошата состојба се заинтересираа и еколошки друштва од Холандија и Швајцарија кои ни донираа мерни инструменти, така што имаме конкретни податоци за состојбата на дневно ниво. Пред два дена меревме кај фабриката за хартија од чиј оџак излегува црн чад и добивме резултат од 360 единици, иако дозволеното ниво не треба да надминува десет, што се фрапантни бројки. Дојдовме до сознанија дека околу 80 отсто од граѓаните кои бараат лекарска помош се жалат на респираторни проблеми, а сето тоа е резултат на нечистиот воздух. Проблем е и палењето на стрништата и сламата, но и чадот што секојдневно излегува од јавната депонија во близина на градот. Затоа бараме итни мерки тоа да се стопира и да го оствариме основното човеково право на чист воздух, истакна Орце Николов, претставник на граѓанското движење од Кочани.

Прочитајте и...  Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

На протестот присутвуваше и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој нагласи дека локалната власт дава поддршка на барањата од граѓаните, при што информираше за мерките што Општината ги презема во рамки на своите надлежности.

Паралелно со протестот во Кочани, жителите на селото Бели во чија непосредна близина е лоцирана градската депонија, го блокираа регионалниот патен правец кон планинскиот туристички центар на Пониква и излегоа со барања да се спречи нејзиното горење и да се забрза постапката за затворање.

Прочитај повеќе

И Забрчанец во самоизолација поради контактот со Зекири

Слободен печат

„Не ви е тоа милениче“: Посвоиле дете со аутизам, го користеле за прослави и сликање, па го вратиле (ВИДЕО)

Слободен печат

Поради нередите во САД, Трамп ќе ја прогласи левичарската група Антифа за терористичка

Слободен печат

Портпаролот на Путин ја опиша борбата со коронавирусот: Не можеш да разликуваш јагоди од пилешко

Слободен печат

Шведска првпат од 13. март без смртни случаи

Слободен печат

БиХ: Премиерот и другите осомничени во аферата со респираторите пуштени на слобода

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Италија во последните 24 часа починаа 75 лица

Слободен печат

Филипче: Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Слободен печат

Рударски гигант со експлозив уништи 46.000 години стари пештери на Абориџините

Слободен печат

Братот на Џорџ Флојд раскажа како течел разговорот со Трамп: Не ми даде можност ниту да зборувам (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Слободен печат

Новинари на Ројтерс погодени со гумени куршуми на протестите во Минеаполис: Го снимив со камера како ја впери пушката кон мене (ВИДЕО)

Слободен печат