Протеран уште еден руски дипломат, потврди Османи

Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата и е протеран од земјава.

– Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на приницпите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојзуот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна, изјави Османи.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за заменик военото аташе во амбасадата, кој направил несоодветни дипломатски дејства со тоа што не ги почитувал дипломатските правила во Македонија.

Во мај годинава МНР веќе прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Русија тогаш реагираше со преземање реципрочни мерки, односно со протерување на еден вработен во нашата Амбасада во Москва.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот