„Протекоа“ милиони телефонски броеви на корисници на Фејсбук

Фејсбук потврди дека се случило вакво нешто, но и дека не се работи за доста помалку броеви отколку што се пишува во медиумите.

Според сајтот „Тех кранч“, „протекле“ 419 милиони записи за телефонските броеви кои биле зачувани на еден од серверите на Фејсбук, но немал заштита и лозинка.

Се претпоставува дека пропустот настанал во 2018 година, кога е укината опцијата за едноставно пребарување на корисниците според јавно достапните податоци.

На овој сервер имало податоци со различни информации, меѓу кои и телефонските броеви со кои корисниците ги верифицирале своите профили.

Но, како што наведуваат од Фејсбук, ситуацијата е под контрола, податоците се избришани и веќе не се достапни на интернет, но и дека не се случила никаква компромитација на засегнатите профили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот