Протекоа чудни детали: Најмалку две случајни пукања имало претходно, пред фаталното на Болдвин

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

Најмалку две случајни пукања се случиле на снимањето на „Рѓа“ неколку дена пред страшната несреќа во која Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот, наведуваат тројца поранешни членови на филмската екипа.

Поранешните членови на екипата велат дека непланираното пукање се случило на 16 октомври, а го обвинуваат супервизорот за безбедносната ситуација на сетот, кој се снима во предградието на Санта Фе, пишува „Њујорк тајмс“.

Како што велат, тие заедно со уште неколку работници дале отказ неколку часа пред фаталното пукање, поради неплатената работа и условите во кои се одвивала продукцијата. Барале да останат анонимни поради стравот дека тоа може да влијае на идниот ангажман во филмската индустрија.

Лари Заноф, кој работел како одговорен за оружјето на филмот „Одмаздата на Џанг“ и ги подучувал членовите на актерската екипа за безбедно ракување со огнено оружје, објаснува дека, ако се пукало со огнено оружје на филмски сет, мора да се спроведе истрага за да се утврди дали оружјето е неисправно или со него лошо се управувало. Доколку се утврди дека со оружјето е погрешно ракувано, продукцијата ќе мора да ги зајакне безбедносните протоколи или да ја забрани употребата на огнено оружје.

Останува нејасно дали ваква истрага била спроведена по 16 октомври, кога се случило случајно непланираното пукање.

Продуцентите, како и самиот Алек Болдвин, во петокот издадоа соопштение во кое изјавија дека не биле запознаени со безбедносните проблеми.

„Иако не бевме запознаени со никакви официјални поплаки во врска со безбедноста на оружјето или реквизитите на сетот, ќе спроведеме внатрешна проценка на протоколот, а снимањето е прекинато“, соопшти компанијата, додавајќи дека ќе продолжи да соработува со властите на Санта Фе, како и нудење психолошка помош на актерите и членовите на тимот во ова „трагично време“.

Останува нејасно како Алек Болдвин користел пиштол кој не бил безбеден на сетот. Како што ѝ било кажано на полицијата во Санта Фе, на Болдвин му било кажано дека оружјето што му било предадено на сетот е „ладен пиштол“, што во филмски жаргон значи оружје коешто е испразнето. Во изјавата понатаму се наведува дека оружјето го наполнила задолжената за оружје Хана Гутереш, а му го предал Дејв Халс, помошник режисер. Ниту Гутереш, ниту Халс не сакале да дадат изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот