ПРОТЕЧЕ ТАЈНА СНИМКА: Русија трошела милиони за европски националистички движења

Тројца Руси и тројца Италијанци, од кои едниот најблизок најблизок соработник на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини биле тајно снимени како на 18 октомври минатата година, во московскиот хотел Метропол, коваат план Русија да ги финансира европските националистички движења и високи личности од екстремната десница во обид за формирање на „Голем Сојуз”, објави Buzznewsfeed.

Целта е со руска помош да се поткопаат либералните демократии и да формира нова, националистичка Европа блиска до официјална Москва.

Според снимениот разговор, соработникот на Салвини, Џанлука Савоини преговора за условите за договорот со кој преку таен канал, десетици милиони долари руски нафтени пари би се прелеале на контото на владејачката партија во Италија, „Лига“ на Салвини, пред кампањата за изборите за Европскиот Парламент.

„Ова е важен историски и геополитички период за да ја смениме Европа. Во мај ќе се одржат европските избори. Сакаме да ја смениме Европа. Нова Европа мора да биде блиска до Русија. Ние Италијанците сакаме самите да одлучуваме за својата иднина и да не зависиме од одлуките на илуминатите од Брисел и од САД. Салвини е тој што сака да ја смени цела Европа, заедно со десничарите од Слободарската партија на Австрија, Алтернативата за Германија, со французинката Ле Пен, како и со останатите земји, Унгарија со Орбан или во Шведска со тамошните десничари. Ние си имаме сојузници и сакаме да направиме еден голем сојуз на проруски партии, нo не проруски за Русија, туку за нашите држави“, се слуша како говори соработникот на Салвини.

Салвини не присуствува на состанокот, но претходниот ден бил во Москва, каде пред да се се сретне со рускиот вицепремиер Дмитриј Козак, јавно ги осудил санкциите кон Русија како „економски, социјални и културни глупости”.

Разговорот трае еден час и 15 минути. Во него се споменуваат голема руска нафтена компанија која ќе продава најмалку 3 милиони тони гориво во текот на една година на италијанската нафтена компанија „Ени“ за сума од околу 1,5 милијарди долари.

Купувањето и продажбата ќе се вршеле преку посредници, со дисконт од околу 65 милиони долари. Тоа се парите кои тајно, преку посредниците би требало да легнат на сметката на италијанската владејачката партија.

Информација за преговорите во Метропол биле објавени и во италијанското списанието L’Espresso, но тогаш, портпаролката на Салвини одбила да одговори на прашањата за состанокот, отфрлајќи ги како „фантазија”, додека Савоини за за новинската агенција „Спутник“, која е поддржана од Кремљ, демантирал дека учествувал во какви било преговори.

Британците се уште ги преиспитуваат дел од изворите на финансирање на кампањата за Брегзит, за кои постои сомнеж дека имаат руско потекло. Пари, преку кредити од руски банки има користено и екстремната десница на Ле Пен од Франција а лидерот на австриската екстремна десница, пред два месеци беше принуден да поднесе оставкa, откако беше снимен како преговара за руска поддршка на неговата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот