Просторот на Мечкин Камен исчистен по прославата на Илинден

Јавното комунално претпријатие „Комуна” го чистеше целиот простор на Мечкин Камен во Крушево откако заврши централната прослава за одбележување на празникот Илинден.

Општина Крушево објави дека на работниците им се приклучи и градоначалникот Томе Христоски, порачувајќи дека  хигиената е еден од приоритетите за локалната самоуправа.

– Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на достоинствен и мирен начин, со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре тој  да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево, изјави градоначалникот Христоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот