Прославите на Бајрам отворија ново коронажариште во Германија: Тие Балканци мислат дека правилата за нив не важат

epa08465286 A block of flats near the city center of Goettingen, Germany, 04 June 2020. After an outbreak of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease with about 105 infected due to parties of bigger families, 220 individuals were put into quarantine. Local authorities ordered that all of the 700 inhabitants of the apartment block must undergo a Corona test until the end of the week. EPA-EFE/STR

Како што е соопштено од градската управа, повеќето учесници на прославите потекнуваат од поранешна Југославија. Полицијата не сакаше да дава конкретни изјави за тие семејства.

На семејните прослави по повод Бајрам на 23 мај во Готинген очигледно се кршени прописите за хигиена и социјална дистанца па дошло до нагло ширење на коронавирусот. Како последица на тоа има 86 заразени во самиот град и уште 18 во околината, а се претпоставува дека тие бројки и натаму ќе растат, пишува Дојче Веле.

Поради тоа е одреден карантин за неколку стотини лица кои биле во контакт со заразените. Три лица сега се наоѓаат на болничко лекување, а едно е на респиратор.

Оваа недела ќе бидат тестирани уште 600 до 700 станари од еден станбен комплекс згради во Готинген, во кој се одржувани семејни прослави. Заразата се шири и надвор од градските граници зошто многу гости допатувале од околината и другите делови на земјата. Еден ученик во училиште раскажал дека членовите на неговото семејство при средбата се гушкале и ракувале. Како што е соопштено од градската управа, повеќето учесници на прославите потекнуваат од поранешна Југославија. Полицијата не сакаше да дава конкретни изјави за тие семејства.

Но очигледно се работи за Роми од Косово. Јасна Чаушевиќ од Здружението за загрозени народи предупреди дена не треба да се стигматизираат Ромите како оние кои не се придржуваат до мерките за сузбивање на заразата. Таа вели дека сега е важно да им се појасни на заразените и на оние кај кои се сомнева дека постои разраза колку е тоа опасно, и тоа на нивниот мајчин јазик. „Ние мора да ги заштитиме сите, а очигледно е, некои луѓе и самите од себе, но без стигматизирање и предрасуди“.

Револтирани родители

Тој комплекс на згради веќе неколку години го опседнуваат новинари, што очигледно не им се допаѓа на некои станари. Во средата, според сопствени наводи, нападнат е тимот на една приватна телевизиска станица. „Луѓето се закануваа дека ќе ни ја уништат опремата“, изјави камерманот Фестим Беќири. „Освен тоа од терасите не гаѓаа со компири“.

Можен дополнителен извор на зараза е и еден наргиле бар кој е отворен во неделата и покрај забраната. Таму повеќе лица пушеле водено луле со ист пластичен додаток.

Поради наглото ширење на епидемијата градските власти од идниот понеделник ги затворија сите училишта и пет детски градинки, зошто меѓу заразените најмногу се деца и млади. По повторното отворање ќе биде воведено задолжително носење заштитни маски. Тоа кај многу родители и директорни на училишта предизвика негодување зошто училиштата неодамна се отворени послед подолго време. „Застрашувачки е тие луѓе да мислат дека правилата за нив не важат или дека за нив правилата под одредени услови се ставен вон сила“, рече Ларс Хумрих, директор на едно училиште.

Престои одлука за казнување

Вирус е откриен и кај едно лице вработено во дом за стари лица и таму ќе  биде спроведено масовно тестирање.

На две недели повторно е забрането и тренирање на сите групни спортови, како и оние кај кои доаѓа до непосреден контакт, на пример боречките вештини. Исто така е затворен и еден градски базен.

Се уште е неизвесно дали за целиот град ќе бидат повторно воведени строги ограничувања со цел да се сузбие ширењето на вирусот. Во секој случај, се смета на тоа со зголемувањето на бројот на заразени лица, изјави Каордула Данкерт, претставничка на градот.

Засега не е одлучено дали некој поради тоа нагло ширење на заразата и право ќе одговара. Моментално е најважно да се ограничи ширењето, рече градоначалникот Ролф-Георг Кухлер и додаде: „Кога ќе имаме малку повеќе време, ќе одлучиме против кого ќе покренеме прекршочна постапка, а против кого ќе поднесеме кривична пријава“.

За споредба: бројот на новозаболени во изминатите седум дена на 100.000 жители во Готинген изнесуваше 21,6, а во целата покраина Долна Саска 5,4.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот