Прослава во Книн: Без „Олуја“ немаше да ја има денешна Хрватска – Слободен печат
ВестиРегион

Прослава во Книн: Без „Олуја“ немаше да ја има денешна Хрватска

Хрватска, акцијата „Олуја“ ја одбележува како Ден на победата и Ден на бранителите.

Во Книн се одржува централна прослава за одбележување на 24.годишнината од воено-полициската акција „Олуја“.

Хрватска, акцијата „Олуја“ ја одбележува како Ден на победата и Ден на бранителите.

Претседателката Колинда Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ во своите говори, акцијата „Олуја“ ја категоризираа како акција која имала за цел „ослободување од големиот српски агресор“.

Пленковиќ истакна и дека оваа акција била пресудна за формирањето на денешна Хрватска.

Во Србија, пак денот се одбележува како ден на тага поради 250.000 прогонети и над 1.800 убиени и исчезнати.

Овој егзодус на Србите, според толкувањата на српските аналитичари, е еден од многуте кои ги извршиле припадниците на хрватската војска над српските цивили, а кој остана неказнет од страна на меѓународната заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close