Проштална вечера на Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан

Фото: Фејсбук

Во тек е прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со лидерите од земјите од Западниот Балкан во Брисел. На вечерата, која започна нешто пред 20 часот вечерва и треба да заврши околу 22 часот, присутни се сите лидери од регионот освен албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Грција.

Премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Могерини за нејзината поддршка и преку неговиот Фејсбук-профил.

„Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера“ напиша Заев и додаде дека Македонија и благодари за посветеноста: „Твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност.”

Могерини треба да ја напушти нејзината функција во наредните недели, веднаш штом ќе стапи во функција новиот состав на европските институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот