Проштална средба на претседателот на Собранието Џафери со израелскиот амбасадор Оријан

ретседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Државата Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, во придружба на почесниот конзул на Израел во Скопје, Градимир Шумковски.

-Амбасадорот го истакна задоволството од постигнатиот напредок во билатералните односи, широкиот спектар средби остварени меѓу институциите, воспоставената соработка и значајните проекти кои се во тек и за севкупниот потенцијал на соработката меѓу двете пријателски држави, Република Северна Македонија и Државата Израел, се вели во ссопштението од собраниската прес-служба.

Израелскиот амбасадор информирал и за очекувањата на Претседателот на Кнесетот за продлабочување на соработката меѓу двата парламента и особено меѓу парламентарните групи за соработка. Тој се заблагодарил за, како што рекол, сесрдниот ангажман на Џафери во афирмацијата на споменот за Холокаустот, како и за поддршката и учеството на сите настани кои се организираа во земјава, а кои имаа за цел да ја подигнат општествената свест за овие прашања.

– Претседателот на Собранието Џафери, изрази задоволство од средбата и ја потенцираше отвореноста и подготвеноста на Собранието на Република Северна Македонија за парламентарна соработка во сите аспекти и нивоа, бидејќи парламентарната дипломатија многупати досега покажа дека е без стеги и формални ограничувања, со што го трасира патот на полесното воспоставување на меѓусебна комуникација, стои во соопштението.

Тој истакнал и дека Република Северна Македонија, преку отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, ја покажала и потврдила својата безрезервна почит кон жртвите од тој терор кој, како што рекол, не смее да се заборави.

– Во контекст на меѓудржавните односи на овој план, заеднички беше изразена благодарност за работата на Институтот за духовно наследство на Албанците односно, Одделот за антисемитизам и прашања на Холокаустот, кој преку својата научна работа креира јасна визија за значењето и сензитивноста на овие историски феномени кои не смеат да бидат заборавени и маргинализирани. Во однос на геополитиката и нашите стратешки определби како држава, претседателот Џафери укажа на членството во НАТО Алијансата на рамноправна основа со останатите 29 сојузници, како и очекувањата за подигнување на нивото на односите со ЕУ со почетокот на преговорите до крајот на оваа година, наведуваат од собраниската прес-служба.

Соговорниците споделиле взаемни уверувања за натамошна конструктивна и интензивна соработка, особено во доменот на економската дипломатија, воено – одбранбениот сектор, високата технологија и иновациите, туризмот и културата.

Џафери му врачил Признание за соработката на амбасадорот Оријан и му посакал натамошен успех и среќа на личен и професионален план, со уверување дека разновидната, богата и плодна соработка меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел ќе биде вреднувана и унапредувана и од страна на идниот амбасадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот