Проширена секундарната продажна мрежа на ЈСП „Скопје”

ЈСП „Скопје” денеска информира дека ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично), што се наоѓаат на фреквентни места низ скопските општини. Таму корисниците на јавниот превоз можат да купат или да ја надополнат електронската картичка „Скопска”.

Граѓаните попрецизно можат да ги погледнат локациите на Фејсбук страницата на ЈСП „Скопје”.

– Сега секундарната продажна мрежа ја сочинуваат речиси 100 локации. Освен на посочените места, услугите на ЈСП „Скопје” може да се добијат и во 32 билетарници на претпријатието, се вели во соопштението.

Од ЈСП „Скопје” очекуваат дека секундарната продажна мрежа и понатаму ќе се шири со оглед на активниот јавен повик за соработка до сите заинтересирани субјекти.

– За секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување на „Скопска”, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб-страницата на претпријатието и сл, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот