Просечната плата во Црна Гора и натаму расте, надмина 700 евра

Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Просечната нето-плата во Црна Гора во декември, според податоците на Управата за статистика (МОНСТАТ), изнесувала 727 евра.

Износот на просечната плата бил за 0,8 отсто поголем во однос на ноември.

Просечната бруто плата во последниот месец изнесувала 900 евра.

Во однос на ноември, просечната нето заработка во декември е зголемена во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8 отсто, државната управа и одбраната за 2,4 отсто и услугите за сместување и храна за 2,2 отсто.

Пад на просечната нето заработка во декември во однос на ноември е забележан во секторите рударство и ископување камен за 2,8 отсто, преработувачката индустрија и административните и помошните услужни дејности за по 1,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот