Просечната нето-плата во јуни бележи раст

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (11.7 %), Транспорт и складирање (10.3 %) и Градежништво (5.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (11.3 %), Рударство и вадење на камен (6.1 %) и Градежништво (2.8 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесува 25.205 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 105.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (13.6 %), Транспорт и складирање (11.9 %) и Градежништво (6.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (11.0 %), Рударство и вадење на камен (6.2 %) и Градежништво (2.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2019 година, изнесува 37.440 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот