ПРОПУСТ: Пливачот Суботиќ е државен шампион, а изоставен од доделувањето стипендија!

Александра Суботиќ, родителот на ученикот од ОУ „Коле Неделковски“, Емил Суботиќ, поднесе приговор за доделувањето на стипендиите за талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на општина Центар.

Овој приговор е испратен до Градоначалникот на Општина Центар, С. Богдановиќ, Комисијата за образование, Млади и Спорт.

Таа лично го информира градоначалникот да знае што се случува, биде запознаен за начинот на доделувањето на стипендии за талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар и од кој се надева дека правилно ќе постапи, се разбира за доброто на децата од Општина Центар.

– Го поднесувам овој приговор со цел да го уважите, а се однесува на доделувањето на стипендии за талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар. Сметам дека е направен „ненамерен“ пропуст од комисијата во процедурата за доделување на стипендија. Имено ученикот Емил Суботиќ на зимското државно првенство одржано во декември 2019 година стана Државен првак на Р С. Македонија во пливање категоријата помлади пионери 50м делфин и вице првак во истата категорија на 100м делфин и 50м краул како што се бараше во огласот објавен од Општина Центар.

Со оглед на тоа што ученикот Емил Суботиќ е одличен ученик (5.00), дете на самохран родител, и со самиот фактот што постигнува вакви спортски резултати, сметам дека неправилно е изоставен од доделувањето стипендија, што според постигнатите резултати секако ја заслужува. Демотивирачки и поразувачки за дете на таа возраст.

Уште попоразувачки и подемотивирачки е фактот што неговиот доскорешен клупски пливач, чии што резултати се далеку под резултатите на Емил Суботиќ (на сите натпревари кои според огласот на општината се бодуваат), ИМА добиено стипендија. Стипендијата ја добил врз основа на документи (дипломи) кои не се од ниедно Европско, Балканско ниту пак Државно првенство како што беше наведено во огласот (знам бидејќи кога реагирав ми ги доставија на увид). Тоа се документи т.е дипломи за освоени места од „купови“ во маратонско пливање.

Ваквиот начин на бодување не содејствува со она што се бара во огласот (Европско, Балканско или Државно ПРВЕНСТВО). Тој факт ме наведува да помислам дека се работи за чиста манипулација! ПРВЕНСТВО, а не КУПОВИ! ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НЕ СЕ ОДРЖУВА СЕКОЈ МЕСЕЦ!!!

Доколку на сите ученици кои имаат конкурирано врз основа на такви документи им се доделени стипендии, на штета на ВИСТИНСКИТЕ спортисти (како што е во случајот со Емил Суботиќ) сметам дека, коректно би било да ГО ПОНИШТИТЕ огласот за доделување стипендии, па потоа повторно го објавите (но, детално, КАКВИ ДИПЛОМИ ЌЕ УВАЖУВАТЕ?, од Државни – Национални првенства или од купови кои се организираат за да може секој РАМНОПРАВНО со „такви дипломи“ да конкурира.
Во надеж дека овој приговор ќе го уважите и ќе ја ревидирате вашата одлука топло Ве поздравувам! – стои во приговорот на Александра Суботиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот