Пропуштивме полуфинале на ЕХФ шампионатот – Слободен печат
РакометСпорт

Пропуштивме полуфинале на ЕХФ шампионатот

Младинска женска ракометна репрезентација на Македонија пропушти шанса да се пласира меѓу најдобрите четири селекции на ЕХФ шампионатот што се одржува во Литванија.

Денеска во клучниот натпревар за полуфинале, нашите ракометарки загубија од домаќинот на Литванија со резултат 24:21. Претходно беше совладана Грузија, а потоа бевме поразени од Швајцарија.

Во првите 30 минути домашните ракометарки доминираа, па на пауза заминаа со седум гола предност 17:10.

Во вториот дел „црвено-жолтите“ настапија поангажирано, па успеаја да дојдат на само еден гол негатива.

На 10 минути до крајот на средбата намаливме на 20:19, потоа направивме непотребна грешка, не успеавме да реализираме два пенали и тоа беше казнето од Литванките.

Најефикасна во нашите редови беше Тасевска со шест голови, пет запиша Динарица. После овој пораз, за Македониија следуваат мечеви за пласман од петтото до осмото место во Клаипеда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close