Пропаѓа криптовалутата на Фејсбук

Дием криптовалута
Дием, криптовалута на Фејсбук / Фото: Архива на Слободен печат

Нешто повеќе од две години по првите објави, криптовалутата, првично наречена Libra и поддржана од Facebook, е пред колапс.

Здружението Diem, кое го основаше Фејсбук во тоа време и кое треба да управува со дигиталниот токен, размислува да ги продаде сите свои средства откако регулаторите и официјалните лица се спротивставија на иницијативата.

Според Блумберг, капката што наводно ја прелеала чашата е притисокот што американскиот систем за федерални резерви го извршил врз Силвергејт, банкарска компанија што Дием ја наведе како партнер за лансирање на нејзиниот токен. Портпаролот на Дием, Мајкл Критенден, изјави за The Verge дека веста на Блумберг има неколку „фактички грешки“, но не понуди подетално објаснување, пренесува хрватски Телеграм.

Продажбата на средствата на Дием може да значи дека криптовалутата за која се залага Фејсбук не може да најде начин да реализира и лансира токени. Кога идејата беше претставена, тогашната Libra требаше да биде дигитален токен кој ќе поддржува голем број валути ширум светот, но регулаторите и официјалните лица брзо се спротивставија на нивните идеи.

После тоа, идејата за Libra беше поедноставена, а криптовалутата го промени своето име во Diem. Во меѓувреме и Facebook го смени името, па Мета лансираше дигитален паричник кој требаше да биде наменет за Libra, односно Diem, со поддршка за друга криптовалута, Stablecoin Paxos. Дием не се снајде многу добро ниту на внатрешен план. Идеолошкиот креатор на Libre, Дејвид Маркус, го напушти Дием пред крајот на минатата година, откако го напуштија повеќето спонзори, пренесува Б92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот