Пропаганда или неоправдан оптимизам: Трамп најави пет милиони тестови за коронавирус дневно (ВИДЕО)

Фото: EPA / Molly Riley

Во САД за два месеци се направени околу 5,7 милиони тестови на коронавирус, а претседателот Доналд Трамп најавува дека наскоро ќе бидат правени пет милиони тестови дневно.

Двете причини заради кои САД имаат толку голем број на потврдени случаи на коронавирус е големата популација од околу 330 милиони луѓе и големиот број на тестови кои ги прават, наведува Би-Би-Си.

Во САД за минатите два месеци биле направени околу 5,7 милиони тестови. Тие цифри делуваат високи, но според податоците на научните онлајн публикации за податоците во светот, САД направиле 16,3 тестови на 1.000 луѓе, што е помалку од Италија каде се направени 30,6 тестови на 1.000 луѓе.

Трамп најави дека во САД наскоро би можеле да изведат дури и пет милиони тестови дневно, и дека тоа ќе се случи набргу.

Меѓутоа неговите проценки делуваат оптимистично, пишуваат Би-Би-Си, додавајќи дека моментално во САД се тестираат 200.000 луѓе дневно.

Критериумите за тестирање во САД варираат од држава до држава. Ограничен број на тестови значи дека приоритет имаат хоспитализираните пациенти, здравствените работници и луѓето сместени во домови за социјална заштита или затвори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот