ПРОПАЃА ПЛАНОТ НА ТРАМП: Судот ја блокираше изградбата на ЅИДОТ со Мексико!

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп доби забрана од Федералниот суд во Калифорнија, со која ќе треба да престане да ги користи средствата од фондот на Министерството за одбрана за изградба на ѕидот на јужната граница со Мексико.

Судот смета дека американскиот Конгрес не ѝ дал специфична дозвола на администрацијата за да може парите да ги користи за изградба на ѕидот.

Со одлуката, администрацијата на Трамп нема да може да користи милијарда долари кои се издвоени од фондот на Министерството за одбрана.

„Позицијата во која Конгресот одбива барање на извршната власт, а тогаш таа наоѓа начин да ги потроши парите без одобрение на Конгресот, не е во согласност со основните принципи на поделба на власта кои датираат уште од најраните денови на нашата земја“, се наведува во одлуката на судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот