ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ: Штрајк на околу 50.000 работници на „Џенерал Моторс“

Повеќе од 49.000 вработени во „Џенерал Моторс”, американски автомобилски концерн, денеска започнаа штрајк откако преговорите меѓу компанијата и работничкиот синдикат за нов договор и подобри работни услови пропаднаа, пренесува Анадолија.

Работниците затворија 33 производствени погони во девет држави низ САД, како и 22 магацини со делови. Не е познато колку долго ќе трае штрајкот. Ова е прв штрајк од вакви размери по оној во 2007 година, кога компанијата изгуби триста милиони долари за два дена од штрајкот.

Од Синдикатот велат дека штрајк во моментов е единственото решение бидејќи двете страни се далеку од постигнување спогодба за нов четиригодишен договор.

Џенерал Моторс соопшти дека тие понудиле седум милијарди американски долари за зголемување на платите, што исто така ќе резултира со создавање на 5.400 нови позиции што ќе ги заземат тековните вработени.

Претходниот четиригодишен договор на синдикатот со компанијата истече во саботата навечер, а преговорите се предвидени да продолжат денеска во десет часот по локално време.

Во меѓувреме, американската автомобилска индустрија бележи пад на продажбата и зголемување на трошоците како резултат на инвестициите во електрични возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот