Пропаднаа преговорите, Фетел си заминува од Ферари

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Германскиот возач Себастијан Фетел ќе го напушти Ферари на крајот од годината откако не беше постигнат договорот, а фаворит за негов наследник е Карлос Саинс.

Договорот на Фетел со италијанскиот тим истекува на крајот од сезоната, а преговорите за потпишување на нов пропаднаа уште на стартот.

Причините за тоа засега не се познати, но се наведува дека 32-годишниот Германец не бил задоволен од понудената плата и пократкиот договор.

Четирикратниот Ф1 шампион во Ферари пристигна во 2015 година од Ред Бул, но со италијанскиот тим не успеа да ги повтори успесите кои ги имаше со Ред Бул. Најблиску до освојување на титулата беше во 2017 и 2018 година кога завршуваше на второто место.

Неговото заминување од Ферари ќе донесе големи промени и во останатите екипи во Ф1 шампионатот, како негов наследник се споменува Карлос Саинс од Мекларен.

Доколку се реализира овојтрансфер тогаш местото на Саинс во Мекларен ќе го зазеде Даниел Рикиардо од Рено, додека за Фетел се споменуваат само две опции, Мекларен или враќање во Ред Бул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот