Пропадна зделката за купување на Њукасл, Ешли останува газда

Четири месеци траеше сагата околу преземањето на англискиот премиерлигаш од страна на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија на чие чело е принцот Мохамед бин Салман.

Потенцијалниот купувач и актуениот сопственик на Њукаксл, Мајк Ешли, експресно се договорија, но проблемите настанаа околу техничките работи.

Голем број на организации во Велика Британија, како спортски така и политички беа против продажбата на Њукасл како од политички причини поради обвинувањата за загрозување на човековите права во Саудиска Арабија, но и за наводната вмешаност во пиратерија и нелегално пренесување на натпреварите од Премиер лигата.

По истекот на рокот за завршување на трансакцијата, саудискиот престолонаследник се откажа од преземање на Њукасл.

„ Со длабок респект кон организацијата на Њукасл, навивачите, на крајот одлучивме да се повлечеме од купување на фудбалскиот тим. Со големо жалење го објавуваме ова бидејќи бевме заинтересирани да инвестираме и во клубот и во градот и верувавме дека ќе можеме да ја смениме историјата на клубот со голема традиција и фантастични навивачи. На крајот, поради долготрајниот процес, комерцијалниот договор помеѓу инвестицискиот фонд и актуелниот сопственик на Њукасл истече и нашиот план за преземање на клубот не се оствари“, стои во соопштението на инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија.

Оваа одлука ќе предизвика големо разочарување кај навивачите на Њукасл бидејќи во изминатите месеци се шпекулираше со купување на фудбалски ѕвезди како Герет Бејл, Фелипе Кутињо па дури и Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот