Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја отфрли поканата за средба во скопскиот хотел Парк од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Му порачаа, ако има смелост, да организира средба наредната недела откако ќе се знае кој ќе состави нова Влада.

– Начелно немаме ништо против такви средби но сметаме дека оваа средба која ја бара ДУИ е без дневен ред. Би прифатиле покана но, со друг датум, на пример, наредната недела кога се ќе биде појасно околу тоа кој ќе формира парламентарно мнозинство, – велат во Алтернатива.

Од Колицијата Алијанса и Алтернатива велат дека доколку бидат поканети на нова средба, ќе побараат дневен ред за точките за кои ќе биде разговарано.

– Зошто би оделе на средба со која ќе се бара поддршка за премиер Албанец кога ние веќе јавно кажавме дека ја даваме поддршката Насер Зибери да биде премиер. Средбата Ахмети симболично ја свика на денот на Охридскиот договор, но Рамковниот за нас е мртов, бидејќи не е навреме реализиран. Тоа е аргумент плус зошто нема да одиме на утрешната пладневна средба во организација на ДУИ, – велат во Алтернатива.

Ахмети ги покани лидерите на Алијанса, Алтернатива, Беса и ДПА во четврток на годишнината од Рамковниот договор да седнат и да разговараат за постизборната состојба. Од БЕСА и ДПА се недостапни за одговор дали ја прифатиле поканта на ДУИ за средба на денот на Охридскиот договор. Од Владата велат дека нема да има свеченост по повод одбележување на годишнината од Охридскиот договор, поради пандемијата од Ковид 19. За значењето на Рамковниот ќе има обраќање во јавноста на министерот за политички систем Садула Дураку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот