Пропадна планот на Додик- Џаферовиќ во име на Босна и Херцеговина ќе се обрати во ОН

Додик и Џаферовиќ/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, од 10 до 12 мај ќе престојува во официјална посета на Обединетите нации во Њујорк.

Во среда, на 11 мај, претседавачот Џаферовиќ во име на Босна и Херцеговина ќе се обрати на редовната шестмесечна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ, на која високиот претставник Кристијан Шмит ќе поднесе полугодишен извештај.

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

За време на престојот во Њујорк, претседавачот Џаферовиќ ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и со претседателот на Генералното собрание на ОН Абдула Шахид, како и со амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН, соопшти Постојаната мисија на БиХ во Обединетите нации.

Имено, според правилата, на седницата на Советот за безбедност на ОН, официјални лица се обраќаат „според хиерархијата“.

Така, Додик планирал да и се обрати претаставникот на советот на министри наместо амбасадорот на БиХ во ОН Свен Алкалај, бидејќи претседавачот на Советот на министри на БиХ е повисоко рангиран од амбасадорот,

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Сепак планот на Додик пропаднал во мигот кога муслиманскиот претсавник и член на претседателството на Би Х Шефик Џаферовиќ и хрвтасктиот Жељко Комшиќ најавија дека ќе одат во Њујорк и според хијарархијата ќе ја земат говорница , бидејќи членовите на Претседателството на БиХ се „над“ претседавачот со Советот на министри на БиХ, пренесува Кликс.
Инаку Додик повеќе недели се противеше Босна и Хрецеговина да биде претсавена пред ОН од муслиманскиот или хрватскиот член на тројното претседателство, сметајќи дека така не се застапуваат интересите на србите во Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот