ПРОПАДНА И СЕДМИОТ БРАК: Се разведе Лери Кинг

лери кинг
Фото Профимедиа

Познатиот ТВ-водител Лери Кинг се разведе од својата седма сопруга, Шон Саутуик Кинг, по речиси 22 години брак.

Кинг (85) вчера ги поднел документите за развод во Врховниот суд на Лос Анџелес. Причината што ја посочил, гласи: „ненадминливи разлики” со својата 26 години помлада сопруга.

Ова за многумина е изненадување, оти нивниот брак важеше за еден од најстабилните во светот на славните во САД. Тие имаат и два сина.

Лери Кинг се ожени со Шон 1997 година и таа беше негова седма сопруга по Фреда Милер, Анет Каје, Алејн Акинс, Мики Сетфин, Шерон Лепор и Џули Александер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот