Пронајдете ја совршената книга за деца од „Литература.мк“ за ова лето

Читањето книги е супермоќ! Колку повеќе читате, толку повеќе нешта учите. Колку повеќе учите, на толку повеќе места можете да отидете. Читањето отвора пат за неограничени авантури. Со секоја новоотворена книга се отвораат нови видици… За сите деца кои сакаат ова лето да прочитаат книга плус, која е надвор од листата на задолжителни лектири, ви ја претставуваме листата со топ шест нови книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгите се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk. Пронајдете ја совршената книга за ова лето во каталогот со детските изданија на следниот линк:

  1. „Јас сум Акико“ од Стефан Тиќми

Фото: Литература.мк

Книгата „Јас сум Акико“ раскажува за едно девојче со пегички кое не ги сака границите. Акико живее со својот татко, кожата ѝ мириса на стара хартија и често е осамена. Таа нема пријатели, освен пешкирот и баобабот. Но, и тие се еден вид скали кон нејзиното вистинско пријателство со Марсело, кој се појавува дури при крајот на романот. Ова е мудра книга во која малата Акико истакнува ставови за родителската љубов, за внатрешниот свет, за извртената стварност, за пријателството и за многу други сфери поради што е добро да допре и до возрасните. Тиќми ја има добиено наградата на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца на српски јазик за 2018 година, а веќе пишува и сценарио за долгометражен анимиран филм за Акико. Воедно, во Србија се подготвува и театарска претстава базирана на книгата.  Илустрацијата на корицата за македонското издание ја направи познатиот сликар и автор на книги за деца Ване Костуранов.

Книгата „Јас сум Акико“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

  1. „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Фото: Литература.мк

Ова воопшто не е некоја обична приказна. Туку, вистинска е. За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица. И за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни. Туку, сега, вистински се случува. Хана и Фран (главните ликови), иако ги имаат своите кралства, тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мораат да се потрудат. Насоките се јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска е збогатена со интересните цртежи од илустраторката Александра Филипоска.

Книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

  1. „Исидора Мун оди на одмор“ од Хариет Мункастер

Фото: Литература.мк

Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на одмор“ Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја. Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?

„Исидора Мун“ од Хариет Мункастер е еден од најчитаните и најпопуларни серијали за деца, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега на македонски јазик се објавени 11 книги.

Книгата „Исидора Мун оди на одмор“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

  1. „Агата Одли: Тајниот клуч“ од Лина Џонс

 

Фото: Литература.мк

Агата Одли е храбра и решителна хероина. Таа е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа… Ова е нов и модерен серијал за деца – љубители на детективски приказни. „Агата Одли: Тајниот клуч“ од авторката Лина Џонс е прва книга во оваа нова возбудлива супердетективска едиција, а следуваат: „Убиство во музеј“ и „Сребрената змија“.

Книгата „Агата Одли: Тајниот клуч“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

  1. „Кити и авантурата во небесната градина“ од Пола Харисон

Фото: Литература.мк

Запознајте ja Кити – шармантното девојче со супермоќ како мачка кое тргнува во необични авантури. Семејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Во приказната „Кити и авантурата во небесната градина“ Кити и мачињата Тиквичко и Пикси откриваат тајна небесна градина на градскиот покрив. Тоа е чудесно место, полно со егзотични растенија и прекрасни украси. Пикси е многу возбудена и сака да му каже на светот околу неа за градината, но колку повеќе мачки дознаваат за градината толку подиви стануваат. Кити мора да ја спасува градината и нејзината убавина од оние што се чини дека имаат намера да ја уништат.

Во овој серијал на книги од авторката Пола Харисон со илустрации од Jени Ловли, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, застапени се и: „Кити и Златниот тигар“, „Кити и спасувањето на месечевата светлина“, „Кити и бркотницата низ крошните на дрвјата“ и „Кити и големата парада со фенерите“.

Книгата „Кити и авантурата во небесната градина“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

 

  1. „ТКЦП: Мисијата ’Црно прасе‘

Фото: Литература.мк

Во „ТКЦП: Епизода 1 Тина: Мисијата ’Црно прасе‘“ од Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров се дознава како почна сè. Како дружината ТКЦП станува тоа што е и како го добива името? Како Тина се запознава со Црвец и како ја спасува од ужасниот Саки? Што наумиле Смрдливците во оваа епизода пред сите други епизоди од серијалот ТКЦП? Во разрешување на мистеријата можат да се вклучат самите читатели со добојување, доцртување, допишување и дополнување на авантурата додека читаат. Подгответе се за многу возбуда, акција и смеење… ТКЦП е кратенка за „Тајниот клуб Црно прасе“. Покрај Тина, во дружината членуваат и Лео, Рокси, Ава, Симон и Тони. Тие се деца-суперхерои, кои, покрај тоа што имаат одредени супермоќи, сите имаат и по некој проблем или недостаток што им попречува да вршат нешто во секојдневниот живот. Пораката е едноставна: секој може да биде силен во нешто, без разлика што е слаб во нешто друго. Никој не е совршен и секој од нас може да биде суперхерој.

Книгата „ТКЦП: Мисијата ’Црно прасе‘“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот