Пронајдено уште едно телото на жртва од поплавите во БиХ, бројот на загинати се искачи на 21

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.

Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.

Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.

Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот