Пронајдено телото на 51 годишниот полициски службеник од Делчево

Полиција / Фото: МВР

Пронајдено е телото на 51 годишниот Т.С. од Делчево кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста Улив во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.

Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница.

Телото на починатиот било извадено од реката синоќа околу 23 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101″.

На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.

Деталите за несреќата засега не се познати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот