Пронајдено оружје во импровизирана работилница во Куманово

А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со ОНТДО при СВР Куманово, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на А. Ќ. (59) и притоа во импровизирана работилница и во домот се пронајдени пиштол, два гасни пиштоли, три воздушни пушки, ловна пушка карабин кал. 8х57мм, ловна пушка кал. 16 мм, 180 патрони, 88 куршуми, карабин, цевка од воздушна пушка, кутија со делови од пушки и пиштоли.

А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот