СВР Битола

Пронајдено исчезнатото лице од селото Кравари, било изнемоштено и премрзнато

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото Велушина, го пронајдоа Л.Н. (75 г.) кој беше пријавен за исчезнат.

Од СВР Битола соопштија дека лицето било пронајдено кај црквата во селото Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато, предадено е на неговите роднини и повикана е екипа од Итна медицинска помош од Битола.

Синоќа во 19:45 часот, во СВР Битола лицето О.П. (54) од село Кравари пријавило дека неговиот дедо Л. Н. (75) од село Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат. По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за пребарување на теренот во поблиската и пошироката околина на селото Кравари, битолско.

„Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, како и полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото, го пронајдоа лицето кај црквата во селото Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато“, соопштија од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот