Пронајдено е возило „бмв” и ќе биде вратено на сопственикот за нецели два часа

Полиција/ фото МВР

На 14.09.2021 во 18,07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв” со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во с.Лака и ќе биде вратено на сопственикот. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот