Пронајдено безживотното тело на албанската фудбалерка на Швајцарија
Безживотното тело на албанската фудбалерка Флоријана Исмаили, е пронајдено на дното од езерото Комо во Италија, јавуваат италијанските медиуми пренесува Телеграфи.
Безживотното тело е пронајдено денеска, по четиридневните пребарувања низ езерото Комо од страна на роботот кој се користеше во операцијата, на длабочина од 204 метри. Телото било донесено до длабочина од 20 метри, од каде е превземено и префрлено на брод од страна на нуркачите.
Фудбалерката на Јанг бојс исчезна во саботата. Таа заедно со една своја пријателка, биле со моторен чамец на езерото кога се фрлила во студената вода, и оттогаш 24-годишната девојка повеќе не се појавила.
Флоријана стана дел од швајцарската репрезентација за првпат во 2014 година. Таа настапила на 31 натпревар и учествувала на Светското првенство во 2015 година. Квалификациите за Светското првенство оваа година поминаа неуспешно за Швајцарија, откако пред само две недели таа не настапи на последниот меѓународен натпревар. Флоријана Исмаили беше дел од тимот на Јанг бојс од Берн уште од 2011 година.