Пронајдени 50 килограми кокаин на црногорски воен брод

Фото: Википедиа

Црногорската воена полиција вчера запленила околу 50 килограми кокаин на воениот брод за обука „Јадран“, јавува националната телевизија на Црна Гора.

Засега полицијата го уапсила подофицерот Душко Раденович, кој го сомничат дека знаел дека некој се обидува да шверцува дрога на бродот.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни информации на Министерството за одбрана на Црна Гора пред испловување на бродот. „Јадран“ требало вчера да исплови со студенти од Поморскиот факултет од Котор и да направи крстарење на рута Тиват-Истанбул-Пиреј.

Освен кокаин, на бродот е пронајдено и нелегално оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот