Пронајдени уште шест фајлови со доверливи документи – аферата „Корвета“ не престанува да ги тресе САД

ФОТО - Џо Бајден

Во новиот претрес на домот на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер од страна на американското Министерство за правда, пронајдени се уште шест предмети, вклучително и доверливи документи, изјави адвокатот на претседателот Бајден, Боб Бауер.

Во претресот, кој траеше повеќе од 12 часа, пронајдени се документи од мандатот на Бајден во американскиот Сенат, во кој членуваше 36 години, додека други документи се од периодот кога ја извршуваше функцијата потпретседател на САД.

„Претседателот Бајден му дозволи пристап до неговиот дом во петокот со цел да изврши претрес во сите простории во потрага по потенцијални потпретседателски досиеја и потенцијален доверлив материјал“, се вели во изјавата на адвокатот на Бајден.

Бауер не прецизираше каде во домот во Вилмингтон се пронајдени документите.

Тој посочи дека ниту Бајден ниту неговата сопруга не биле присутни за време на претресот.

„Истражителите на Министерството за правда однапред ја координираа претресот со адвокатите на Бајден“, рече Бауер, а во тоа време беа присутни и личните адвокати на претседателот и адвокатите на Белата куќа.

Претходно доверливите документи беа пронајдени на почетокот на овој месец во гаражата на куќата и во блиската соба за складирање, откако беше признаено дека во неговата поранешна приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, кои ги користел додека бил потпретседател на државата.

Ракувањето на Бајден со доверливи документи е под истрага

Овој месец, американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд назначи специјален обвинител да го истражи ова прашање.

Конгресниот комитет и специјалниот советник Роберт Хур, кој беше назначен за време на процесот, го истражуваат начинот на кој претседателот Џозеф Бајден постапувал со доверливите документи од неговото време како потпретседател, од кои некои беа пронајдени во ноември во канцеларијата што Бајден некогаш ја користел во Вашингтон.

Републиканците ја споредија истрагата со тековната истрага за начинот на кој поранешниот претседател Доналд Трамп постапувал со доверливи документи по неговото претседателствување.

Белата куќа соопшти дека тимот на Бајден соработувал со властите во нивната истрага и ги предал документите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот