Пронајдени телата на пет мигранти на Канарските Острови, се бараат уште шест

Итните служби на шпанските Канарски Острови соопштија дека извлекле тела на петмина мигранти и дека трагаат по останатите шест.

Итната служба преку Твитер соопшти дека мигрантски брод пристигнал на Ланзароте, еден од седумте главни острови близу северозападниот брег на Африка.

Властите соопштија дека за четворица мигранти во чамецот се погрижиле екипи на медицинска помош и тие се во добра здравствена состојба.

По шест лица продолжува потрегата, и од воздух и од море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот