Пронајдени шест тела во Мексико, се верува дека припаѓаат на домородците

Мексиканска полиција/ Фото EPA-EFE/Enrique Pérez Peláez

Истражителите во северно Мексико денеска објавија дека пронашле остатоци од шест скелети и спроведуваат форензички испитувања за да утврдат дали станува збор за некои од 10-те мажи од една домородна група, кои во јули биле киднапирани.

Државната обвинителка на Сонора, Клаудија Контрерас, рече дека роднините веќе ги идентификувале некои од предметите пронајдени со скелетите и дека тие припаѓаат на исчезнатите мажи од домородната група Јаки, пренесува агенцијата АП.

Обвинителите изјавија дека постојат шанси, нарко картелите да убиваат членови на племето.

Контерас рече дека истражителите што трагаат по исчезнатите мажи претходно оваа недела биле изложени на неколку напади на оддалечениот рид во близина на местото каде што биле пронајдени скелетите.

Истражителите имале неколку вооружени напади, во кои тие возвратиле на пукањата, убивајќи двајца напаѓачи. Тие потоа откриле на што личел логорот кој често бил користен од нарко картелите.

Просториите биле преполни со оружје и тактичка опрема,а во негова близина биле пронајдени и неколку скелети.

За останатите четири исчезнати мажи од племето Јаки, кои не се видени од 15-ти јули, се уште нема информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот