Пронајдени се двете изгубени лица во битолско, информира Центарот за управување со кризи

Врвот Неолица над Битола / фото: Битола.инфо

Вечерва тимот на Горската служба за спасување и тимот за спасување во планини на Дирекцијата за заштита и спасување ги пронајдоа двете лица кои се изгубија на планината Баба над Битола и тие се во добра состојба, информираат од Центарот за управување со кризи.

Двајцата се изгубија попладнево, кога телефонски пријавиле дека се дезориентирани и дека заталкале далеку од пешачката патека која води кон врвот Неолица.

Тимовите за потрага и спасување на надлежните служби започнаа голема потрага, а и покрај тоа што батериите на телефоните на изгубените лица биле целосно испразнети, тие се лоцирани и спасени, велат од Центарот.

Видео на денот