Пронајдени повеќе од 400 мигранти во дрвен брод сред Средоземното Море

Повеќе од 400 мигранти беа пронајдени синоќа во дрвен брод среде Медитеранот од страна на невладини активисти.

Така, бројот на мигранти викендов се зголеми на речиси 600, објави европската невладина организација „СОС Медитеран“.

„Спасувањето беше опасно, бидејќи водата влезе во чамецот со повеќе од 400 луѓе“, објасни „СОС Медитеран“, кој го изнајми спасувачкиот брод „Океан Викинг“.

Тоа беше петта итна акција од саботата, а неколку други бродови учествуваа во акциите.

Според Меѓународната организација за миграција, најмалку 1.146 луѓе се удавиле во Средоземното Море во првата половина од оваа година обидувајќи се да стигнат до Европа.

Организацијата „СОС Медитеран“ вели дека во изминатите пет години спасила повеќе од 30.000 луѓе на море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот