Пронајдени гробови стари ТРИ МИЛЕНИУМИ, речиси сите биле ОГРАБЕНИ

грција
Илустрација

Грчкото Министерство за култура објави дека во близина на градот Немеа биле пронајдени две гробници, со повеќе гробови, кои датираат од 1.400-1.2000 година пред нашата ера.

На ова подрачје често се пронаоѓаат гробови и масовни гробници, но речиси секогаш се веќе ограбени. Министерството наведува дека во новооткриените гробници има два гроба со целосно недопрени тела, како и уште една масовна гробница во која има коски од најмалку 14 лица, кои претходно биле ископани, па потоа повторно закопани на оваа локација.

Ископувањата во овој реон траат уште од доцните 70-ти. На оваа локација се пронајдени и древни вредни предмети и накит. Парчиња од овие вредности биле продавани на аукции во САД, а откако е откриена измамата, артефактите ѝ се вратени на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот