Пронајдени 48 мигранти во камион

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Во камион „мерцедес атего” со скопски регистарски ознаки вчера во близина на валандовското село Грчиште биле пронајдени 48 мигранти од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.

Како што информираат од МВР, кај базата на „Македонија пат” – Гевгелија вчера во 13.30 часот полициска патрола му дала знак на возачот Ж.В.(26) од Скопје да го запре камион.

Возилото не застанало, па во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и уапсен. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш. Ж.В. бил предаден во полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот