Пронајдени 43 мигранти во близина на Сопот

Фото: Илустрација

На 22.02.2020 околу 21.40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

По превземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото.

Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот