Пронајдена вода на потенцијално населива планета

Научниците првпат пронајдоа вода во атмосфера на планета кој кружи во населива зона на оддалечена ѕвезда.

Планетата К2-18б оддалечена 111 светлосни години од Земјата е предалеку за да се испрати летало во потрага за живот надвор од нашата матична планета. Но, научниците очекуваат во следните десет години да се лансираат генерации вселенски телескопи со чија помош би можело да се утврди дали има атмосфера на планетата К2-18б, гасови кои би можеле да произведат само живи организми.

К2-18б е двојно поголема од Земјата, а според пресметките до 50 отсто од нејзината атмосфера би можела да се состои од вода.

Астрономите не можат да се согласат дали гасовите можат да докажат присуство на живот.

Прочитајте и...  Белгија: Пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

– Секако ќе биде потребно истражување на хемискиот состав на можеби стотина планети за да сфатиме како се создадени и како се развивале – изјави професорката Џована Тинети, која го предводеше тимот што ја откри водата на К2-18б.

Вода до сега е откриена и на други планети, но тие или се преголеми или се претопли за да би поддржале услови за живот, додека потешко е да се откријат помали и релативни поладни планети.

К2-18б е откриена во 2015 година благодарение на леталото на НАСА, Кеплер. Таа е една од стотината планети чија маса е помеѓу Земјата и Нептун, а ја нарекуваат и супер-Земја.

Се очекува мисијата на НАСА, Теш да открие уште стотина такви планети следната година.

Прочитајте и...  Сончево и топло со мала до умерена облачност

Прочитај повеќе

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен

МИА Агенција

Почнува Богородичниот пост

МИА Агенција

Сончево и топло со мала до умерена облачност

МИА Агенција

Бројот на заболени во Полска надмина 54 илјади, во еден ден уште 811 заразени

Слободен печат

Ракетен напад во Ирак: Три ракети паднаа во американска воена база

Слободен печат

Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бразил заинтересиран за руската вакцина, но бара повеќе информации

Слободен печат

ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

Слободен печат

Денеска во САД 1.500 починати и над 56 илјади новозаразени со коронавирус

Слободен печат

Москва предупреди за прераспоредувањето на американските трупи во Европа

Слободен печат

Амбасадите на Белорусија во Москва и Киев под опсада: Најмалку шест лица уапсени (ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп објави бизарен спот против Бајден, алудира дека е педофил (ВИДЕО)

Слободен печат