ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ЛОНДОН: Ќерката на рускиот милијардер се предозирала со новата популарна дрога

Фото: Фејсбук

Рускиот милјардер Игор Цуканов го пронашол во Лондон безживотното тело на својата ќерка Катја Цуканова (17) за која се сомнева дека се предозирала со дрога позната како Келвин Клајн, мешавина на кокаин и кетамин, јавува британски Телеграф.

Катја важела за една од најталентираните млади музичарки во Британија, свирела виолина и имала концерт во Кралската опера (Royal Opera House) само неколку дена пред да почине.

Непосредно пред смртта се забавувала со другарите, па и се слошило во својата вила во Кенсингтон, западниот дел на Лондон.

Цуканов од Русија со својата сопруга Наташа се преселил во 90-тите години во Лондон, каде се родила Катја. Скршениот татко за британски Телеграф рече дека неговата ќерка, која настапила во Кралската опера, само неколку дена пред смртта, била исклучително среќна и имала светла иднина.

„Беше толку паметна девојка, но направи еден погрешен избор. Што родителот може да направи? Децата секако ќе го направат тоа што сакаат и никогаш не ја кажуваат вистината“, рече рускиот богаташ.

Катја веднаш е пренесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат.

Другарите на несреќно починатата девојка на новинарите им рекоа дека „Келвин Клајн“ станала популарна и речиси неизоставна меѓу младите, и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без тој опијат.

Катја завршила прва година од музичкото училиште во Бакингемшир, каде и добила стипендија, а во септември требало да тргне на повисоко ниво. Примена е во престижното Кралско музички училиште на 9 години, каде одела на часови по виолина, клавир, музички теории и свирење во трио и оркестар.

Виолинистката веќе настапувала во некои од најпознатите светски музички арени, вклучувајќи го и њујоршкиот Кембриџ Хол.

На италијанскиот фестивал Суони дал Голфо 2018 година е прогласена за најдобар млад музичар на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот