Пронајдена мртва 82-годишната жена по која се трагаше

Македонска полиција / Фото: МИА

Жената на 82-годишна возраст, која на 6 август годинава беше пријавена за исчезната, вчера е пронајдена мртва на брегот на реката Киселина.

„На 12.8.2022 во 10.00 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на место викано „Банско“ во атар на с. Бање, кочанско, на брегот на реката Киселина бил пронајдена почината В.А.(82) од с.Тркање, за која на 06.08.2022 во Полициска станица Кочани било пријавено дека се оддалечила од домот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кочани, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот