Пронајдена масовна гробница во Ирак, се претпоставува дека станува збор за шиитски осуденици

Напад во ирачко село/ Фото: МИА

-Во северен Ирак е пронајдена масовна гробница,  во која се верува дека се закопани телата на повеќе од стотина лица, кои најверојатно биле убиени од припадници на Исламската држава во Ирак и Левант (ИД).

Гробницата била пронајдена во понеделникот во селото Хамејдат, западно од Мосул, шест години откако ИД го самопрогласи калифатот, што се протегаше од источна Сирија до северен и западен Ирак.

-Форензичарите почнаа истрага, но епидемијата на коронавирусот ги запре ископувањата, изјавија официјални лица во Мосул за американските медиуми.

Идентификацијата на телата не е почната, но се претпоставува дека станува збор за шиитски осуденици кои биле извадени од локалниот затвор од страна на припадниците на ИД и убиени набрзо откако го зазеле Мосул во јуни 2014 година.

Припадниците на ИД се претпоставува дека убиле до 600 затвореници, претежно шиити, додаваат западните агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот